па вака и јас денес ке почнам да предавам
па денес ке дознаеме се за италијанскиот јазик
Италијанскиот јазик (la lingua italiana) кој припаѓа на романската јазична група (фамилија индоевропски јазици) го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот број живее во Италија. Стандардниот италијански јазик е заснован на фирентинскиот дијалект и е нешто како среден јазик помеѓу јазиците на јужна Италија и галско-романските јазици на северот. Стариот тоскански стандарден јазик, во последните неколку децении, попримил влијанија од италијанскиот говор од Милано, економскиот центар на Италија. Италијанскиот е службен јазик во Италија и Сан Марино, као и во Швајцарските кантони Тичино и Гриџони. Италијанскиот заедно со латинскиот е втор службен јазик во Ватикан, заедно со словенечкиот е службен и во словенечките приморски општини Копер, Изола и Пиран, а исто така заедно со хрватскиот се користи и во Истра каде што живее италијанско малцинство. Мошне е раширен и меѓу потомците на иселениците во Луксембург, САД и Австралија. Исто така доста се употребува и на Малта, каде што бил еден од службените јазици а до 1934 година кога бил заменет со англискиот јазик. По малку се зборува и во бившите африкански колонии на Италија, како што се Сомалија, Либија и Еритреја.
Согласно податоците од 2000 година од истражувањето Italiano 2000 кое било промовирано од страна на Министерството за Надворешни работи на Италија и водено од лингвистот Тулио Де Мауро од Универзитетот “Ла Сапиенца” од Рим, италијанскиот јазик е петти по ред во светот кој се изучува во училиштата (по англискиот, францускиот, шпанскиот и германскиот).
Италијанскиот има двојни (или долги) согласки, како латинскиот (но не и како повеќето јазици од романската јазична група, на пр. францускиот и шпанскиот). Има 26 букви, но и покрај тоа користи 21 бидејќи буквите k, j, w, x, y постојат само во зборови од странско потекло, во дијалектите ("jella"), топонимите (Jesi), во некои презимиња како Lo Jacono или како графички варијанти во пишувањето (на пример кај Луиџи Пиранделo се среќава gioja на